Преговорите меѓу Барселона и Лионел Меси за продолжување на соработката се наоѓаат во завршна фаза, па Аргентинецот во следните десетина дена би можел и официјално да го стави својот потпис на новиот договор, што ќе биде со важност до 2022 година. Актуелниот договор истекува во јуни 2018 година, но каталонците не сакаат да ризикуваат тој летово да влезе во последните 12 месеци, па потоа да се соочат со опасност тој наредното лето да си замине без никаква отштета.
Претходните информации дека Аргентинецот одбил 35 милиони евра годишна плата беа демантирани и од неговиот татко (кој воедно му е и агент) и од раководството на Барса, а каталонските медиуми тврдат дека сега двете страни се многу близу до целосен договор.
Имено, Меси со овој „дил“ во следните пет сезони ќе заработува по неверојатни 30 милиони евра по сезона. На неделно ниво неговата платаќе изнесува 276.000 евра, или ако уште повеќе поделиме, Аргентинецот за секоја секунда ќе заработува речиси по едно евро (поточно пресметано, 95 центи од секунда).
Понудата е одлична и за двете страни, Барса ќе го осигура останувањето на својот најдобар фудбалер за уште пет сезони, додека Меси ќе добие и повисока плата од Кристијано Роналдо, па јасно е зошто каталонците најавуваат дека потписот на новиот договор сигурно ќе се случи во текот на овој месец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА