Бразилскиот интернационалец Хуан Фелипе и во наредните три сезони ќе го носи дресот на актуелниот македонски шампион Вардар. Тој потпиша договор до 2020 годимна за продолжување на соработката со „црвено-црните“. Ова е одличен потег на раководството на Вардар, со оглед дека тој е најдобриот играч на шампионот во изминатите две сезони.
Играчот од средниот ред, Хуан Фелипе, дојде во редовите на Вардар во летниот преоден рок 2015 година од ЦСКА Софија, и до сега има одиграно 67 официјални натпревари во „црвено-црниот“ дрес, во првенството, во Купот на Македонија и во квалификациите од Лигата на шампионите. Има постигнато 17 голови во дресот на актуелниот шампион.
Претходно, Вардар ги продолжи договорите и со капитенот Бобан Грнчаров и со заменик капитенот Никола Глигоров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА