Нов договор за Конте – астрономска плата и 200 милиони за засилувања

Тотенхем прави се како би бил конкурентен со Манчестер Сити и останатите во битката за титулата. Тотенхем до некаде успева да се вклучи меѓу првите четири тима, но титулата никако да дојде. Кога Антонио Конте седна на клупата на овој тим во ноември минатата година, тимот беше во голема криза, далеку од местата кои носат во Лигата на шампионите. Конте со својот стил успеа да направи пресврт и потоа да го лансира тимот во Лигта на шампионите.

Со тоа Тотенхем влегува со големи амбиции во оваа сезона, и сега им оди сосема добро. Тие се на третото место со 23 поени исто како и Манчестер Сити, а единствениот пораз го доживеа од Арсенал. Во ЛШ екипата е на првото место.

Како што јавуваат англиските медиуми, сопственикот Даниел Леви сака да ја обнови соработката, и да му го продолжи договорот, и тоа пред да почне Мундијалот. Италијанецот има договор до крајот на сезоната, но Тотенхем сега ќе му понуди вистинско богатство и за плата и за нови играчи.

Конте моментално заработува 15 милиони евра годишно, а неговата плата според новиот договор би требало да се искачи на 20 милиони. Трансфер буџетот во следните две сезони ќе му биде 200 милиони евра.

Сепак, на Тотенхем ќе му биде тешко да го задржи Конте, кој се почесто се поврзува со трансфер во ПСЖ, а во него се гледа како наследник и на Карло Анчелоти во Реал. За него има интерес и од Јувентус, кој има желба да го врати во своите редови.

Се вчитува...