Нов договор за Македонецот во Јувентус

Јувентус денеска и официјално ја продолжи соработката со македонскиот фудбалер Никола Секулов, кој го стави потписот на новиот договор со „старата дама“ со важност до јуни 2027 година.

Секулов ја мина младинската школа на Јуве, не успеа да се наметне за место во првиот тим, но нашиот интернационалец е стандарден во младинската екипа. Тој ја почна сезонава како член на Кремонезе, но Јувентус реши предвреме да ја раскине позајмицата и да го врати во своите редови.

Тој се наметна како еден од клучните играчи во составот на тимот предводен од Масимо Брамбилја, постигнувајќи четири гола и две асистенции на последните дванаесет средби.

Секулов е рекордер по бројот на одиграни средби за оваа екипа (вкупно 94), а останува да се види како ќе се развива кариерата на овој 22-годишен фудбалер во иднина.

Се вчитува...