Шест руски кревачи на тегови добија забрана за натпреварување од Меѓународната федерација за кревање тегова (ИВФ). Суспендирани се Руслан Албегов, Тима Туриева, Дмитри Лапиков, Јегор Киломонов, Јулија Коновалова и Максим Шејко.
Лапиков доби осумгодишна суспензија, Максим Шејко шестгодишна, а останатите добија по четири години казна.
ИВФ соопшти дека уште осум случаи биле под истрага и најавена е суспензија за уште тројца руски кревачи на тегови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

