Нов допинг скандал во светскиот тенис

Полскиот тенисер Камил Мајшак е позитивен на допинг тест. Тој на допинг тестот паднал во периодот од октомври до ноември годинава, а околу целата ситуација самиот испрати соопштение до јавноста.

Мајшак во моментов се наоѓа на 77. место на АТП листата. 26-годишникот се уште нема ниту една АТП титула во кариерата.

„Имам неверојатно тажни вести да споделам со вас. Позитивно сум тестиран на анти-допинг тестовите во октомври и ноември годинава. Прво, никогаш свесно не сум земал супстанци кои се забранети. Во овој момент немам идеја како се случило ова, навистина сето ова е голем шок за мене. Ја почнувам најтешката борба во мојот живот. Битката за докажување на невиноста и враќање на спортот кој го сакам“, изјави Мајшак. 

Се вчитува...