Австралискиот тенисер Макс Парсел, кој е двократен победник на гранд-слем турнирите во игра на двојки, е привремено суспендиран поради антидопинг прекршувања и ќе го пропушти Австралија опен во јануари.
Австралиецот призна дека користел „забранет метод“ по што доби “привремена суспензија на 10 декември“, соопшти ИТИA, без да даде дополнителни детали за прекршокот. Привремената суспензија започна на 12 декември додека се чекаат заклучоците од истрагата и одлуката за санкцијата, додаваат од Агенцијата.
Парсел го освои Вимблдон во 2022 година со сонародникот Мет Ебден, потоа УС Опен во 2023 година со Џордан Томпсон, кој исто така е Австралиец.
Тенис Австралија (ТА) инсистираше на тоа дека суспензијата „не била поврзана со употреба на допинг производ, туку со забранет метод“. ИТИА годинава го казни тенисерот број еден во светот, Италијанецот Јаник Синер, како и втората тенисерка во светот, Полјачката Ига Швјонте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА