Најдобриот македонски пливач Марко Блажевски запиша нов државен рекорд на Македонија во дисциплината 100 метри градно на Отвореното првенство на Бања Лука кое се одржува викендов.
Блажевски во квалификациите на 100 метри – градно заврши убедливо прв со време од 1:02.88 што е нов апсолутен македонски рекорд.
Попладнево македонскиот пливач го очекува финалето во оваа дисциплина на „Бања лука Опен 2019“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА