Езгијан Алиоски и Лидс в недела ќе му гостуваат на Арсенал, дуел во кој македонскиот репрезентативец ќе се најде во центарот на вниманието. Причина – конфликтот што Алиоски го имаше на првиот дуел против Арсенал со Николас Пепе, кога го испровоцира крилниот офанзивец на „топчиите“ да го удри и да добие црвен картон.
На крајот од тој меч и остатокот од тимот на Арсенал сакаше да се пресмета со Алиоски, но за среќа страстите ги смири капитенот на „топчиите“, Гранит Џака. Нема дилема дека Алиоски ќе добие „специјален третман“ на неделниот дуел на „Емирати“, но неговиот соиграч Патрик Бамфорд откри дека нашиот интернационалец со нетрпение го очекува тој предизвик.
„Алиоски ми пријде и ми рече дека едвај чека да дојде недела да игра против Арсенал. Го прашав зошто, ми одговори – за пак да го видам мојот пријател Пепе, да играм против него“, истакна Бамфорд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

