Давид Бабунски продолжува со извонредните настапи на стартот од новата авантура во кариерата, откако македонскиот интернационалец во третиот меч за Данди Јунајтед успеа да го постигне и својот трети погодок.
По двата гола во шкотскиот лига-куп, Бабунски блесна и на денешниот пријателски меч со англискиот тим Лутон, на кој нашиот плејмејкер постигна прекрасен погодок за водтво на Данди јунајтед од 1-0. Тој стрелаше прецизно на асистенција на Трапановски, кој исто како и Бабунски експресно се промовираше во миленик на фановите на Данди јунајтед.
Мечот меѓу Данди Јунајтед и Лутон заврши без победник, 2-2, откако Лутон имаше предност на полувреме од 1-2. Бабунски и Трапановски беа стартери за својот тим, но беа заменети на паузата меѓу двете полувремиња во која двајцата тренери направија бројни измени во своите состави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА