Нов фудбалски поредок – заборавете на трансфери од 100 милиони евра

Намалувањето на платите во клубовите е само прв дел од економската битка на фудбалските субјекти, со оглед на сериозните последици што коронавирусот ќе ги остави врз нив. Договорите од ТВ-правата речиси сигурно ќе бидат намалени, веќе нема приходи од влезници, но и од посети на стадионите, музеите, а и дел од спонзорите најавуваат ревидирање на постоечките договори.

Јасно е дека претстојното лето ќе биде едно од најтешките за менаџирање, а поранешниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, најавува дека со тоа дефинитивно ќе биде ставен и крајот на трансфер-лудилото и богатствата што се плаќаа за трансфери на фудбалери.

„Целата ситуација ќе донесе и нов фудбалски поредок, во кој веќе нема да има толкава разлика во финансиската моќ на клубовите. Не можам да замислам трансфер од 100 милиони евра во блиска иднина. Вредноста на трансферите ќе биде значително пониска, ќе бидат потребни две до три години за да се стигне до висина на пазарот што беше до пред неколку години“, прогнозира Хенес.

Се вчитува...