Нов Гинисов рекорд за Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо пред реванш натпреварот против Данска во четвртфиналето во Лигата на Нации прими награда за влез во Гинисовата книга на рекорди за 132-те победи во репрезентативната кариера, што е најмногу во историјата на фудбалот.

Овој рекорд дополнително се зголеми со триумфот на Португалија со 5-2 по продолженија со што воедно беше надоместен заостатокот од првиот меч. Еден од најзаслужните за успехот беше и самиот Роналдо кој и покрај тоа што промаши пенал во 2. минута, ја затресе мрежата во 72. минута за предноста на својата репрезентација.

Се вчитува...