Барелона е на колена во Валенсија, а еден од хероите на Леванте е токму Енис Барди, откако Македонецот за помалку од 15 минути игра во второто полувреме уште еднаш го совлада Тер Штеген.
По првиот еврогол од дваесетина метри во 46. минута, македонскиот ас со уште едно ремек-дело ги потврди своите вонсериски квалитети. Овојпат Барди освои топка на сопствената половина и одлично отвори контранапад проигрувајќи еден од соиграчите. Нашиот интернационалец потоа продолжи со акцијата, втрчувајќи од позадина, а штом ја доби топката од прва ја смести во горниот агол од голот на Тер Штеген, оној спротивниот во однос на првиот гол.
Германецот дефинитивно вечерва ќе ги сонува Барди и соиграчите, примајќи пет гола за првпат сезонава во Примера дивизион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

