Македонскиот интернационалец Љупче Дориев запиша нов гол во дресот на Согдиана во узбекистанската Суперлига.
Во 22. коло од шампионатот Согдиана ремизираше (2-2) на гостувањето против Андијан, а Дориев беше стреелец на вториот гол за гостите.
Во 88. минута Дориев убаво погоди за водство од 1-2 на Согдиана, но домашниот тим со погодок во 90. минута успеа да дојде до конечни 2-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

