Нов гол на Ѓорѓев, Грасхоперс со пресврт до победа

Никола Ѓорѓев повторно е меѓу најзаслужните за триумф на Грасхоперс, овојпат на гостувањето против Винтертур со 2-3, со што овој клуб ја продолжи трката за првото место и директен влез во елитното швајцарско фудбалско друштво.

Винтертур двапати водеше, со 1-0 и со 2-1, а токму Ѓорѓев беше стрелец на вториот погодок за Грасхоперс, со кој „скакулците“ се вратија во мечот и нешто подоцна преку Демхасај во 84. минута направија целосен пресврт.

Грасхоперс со оваа победа има 36 бода на второто место, еден бод помалку од лидерот Тун, но и меч помалку во однос на првопласираната екипа во моментов.

Се вчитува...