Македонскиот репрезентативец Ферхан Хасани запиша нов гол во дресот на Ал Раед, овој пат во Купот на Саудиска Арабија но неговиот тим доживеа елиминација од Ал Батин.
Во осминафиналето од Купот, Ал Раед одигра 1-1 во регуларниот дел против Ал Батин, но доживеа пораз од 1-2 во продолженијата. Хасани беше стрелец на израмнувачкиот гол за Ал Раед во 49. минута од средбата…
Македонскиот напаѓач има и два погодоци досега во првенството на Саудиска Арабија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

