Нов гол на Иван Тричковски, стрелец на секој меч сезонава на Кипар (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач Иван Тричковски продолжува да ги тресе мрежите на Кипар.

Тричковски го постигна и третиот свој гол сезонава во Кипар, овој пат во ремито на АЕК Ларнака од 1-1 на гостувањето против Пафос во 3. коло од шампионатот.

Македонскиот офанзивец на секој натпревар сезонава од првенството на Кипар успеа да се запиша во листата на стрелците. Сега во 53. минута за водство од 0-1 во тие моменти на АЕК. Но, домашните до крајот успеаја да израмнат за конечни 1-1.


Се вчитува...