Нов гол на Македонецот во Полска: Атанасов и Краковија го „решија“ лидерот (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Јани Атанасов и неговата Краковија стигнаа до големи три бода во 28. коло од полското првенство откако на гостински терен кај лидерот на табелата Јагиелона славеа со 1-3.

Домаќините водеа од 9. минута со голот на Гхита, но црвениот картон на Диегуез ја олесни работата за Краковија. Во 22. и 25. минута преку Ракочи и Хосконен гостите направија целосен пресврт, а Атанасов во 49. минута ја завер ипобедата на својот тим.

Jagiellonia Białystok 1-[3] Cracovia – Jani Atanasov 49' (Polish Ekstraklasa)
byu/4gjdtokurwa insoccer

За Атанасов тоа е четврти гол во полското првенство оваа сезона.

Се вчитува...