Нов гол на Македонецот во Романија: Алими го врати Сепси на победничките патеки

Исник Алими продолжува со одличните настапи во сезоната. На денешниот натпревар против Поли Иаси во 16. коло од романскиот шампионат, македонскиот репрезентативец стрелаше за изедначување во победата на Сепси со 1-2 и тоа по целосен пресврт.

За Алими тоа е третиот гол во романското првенство откако претходно ја тресеше мрежата и против Херманштад и Ботосани. Покрај трите гола тој има и две асистенции.

Со денешната победа Сепси стави крај на серијата од два натпревари завршени со изедначен резултат и се искачи на шесттото место на табелата со 22 освоени бодови.

Се вчитува...