Македонскиот фудбалски интернационалец Мирко Ивановски одлично го започна новиот шампионат на Хрватска. Тој постигна погодок и на денешниот натпревар меѓу Славен Белупо и Цибалија, помагајќи му на својот тим да стигне до триумф од 2-1.
Поранешниот македонски репрезентативец стрелаше во 48.минута, и во тие мигови го доведе Славен Белупо во водство од 1-0. Цибалија израмни од пенал, но, сепак, тимот на Ивановски до крајот успеа да слави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА