Поранешниот македонски репрезентативец Леонард Жута, постигна нов прекрасен гол за Славен Белупо, со кој неговиот тим одигра нерешено 2-2 во дуелот против Вуковар.
Левиот бек донесе предност во 11. минута, а неговиот тим во 36. минута стигна до предност и од 2-0. Сепак, домашните се вратија и успеаја пред финишот од првиот дел, и на крајот од вториот дел да дојдат до израмнување.
За Жута ова беше втор гол во првенството на Хрватска сезонава. За гостинскиот тим не играше Илија Несторовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

