Младинскиот фудбалски репрезентативец на Македонија, Матеј Гаштаров продолжува со одличните партии во дресот на младинскиот тим на српскиот великан Црвена звезда.
Гаштаров беше стрелец на петтиот гол сезонава во победата на неговиот тим против Спартак на гостински терен, а покрај Гаштаров, за тимот настапи и десниот бек, Горазд Ристовски.
Гаштаров годинава покрај одличните партии во младинскиот тим запиша настап и во сениорскиот состав на Црвена звезда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

