Давид Тошевски продолжува со одличната форма во белгискиот шампионат. Македонскиот интернационалец денеска го донесе Дендер во водство од 1-0 против Вестерло на натпреварот од 16. коло во Јупилер Про Лигата.
Голот падна во 40. минута кога Тошевски искористи одлична акција и со прецизен удар ја затресе мрежата на домаќините. Ова е неговиот втор гол во шест настапи во елитната белгиска лига откако летово се пресели во Дендер.
Македонскиот центарфор е еден од најпријатните изненадувања во белгискиот фудбал оваа есен, а со денешниот погодок уште еднаш ја потврди својата голгетерска класа. Тошевски во 64. минута беше заменет при резултат 2-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

