Нов голем скандал во Турција: Уапсен претседателот на Фенербахче

Нов голем скандал поврзан со турскиот фудбал. Претседателот на Фенербахче, Садети Саран, е уапсен во рамките на истрагата на турската полиција поврзана со мрежата за продажба на недозволени наркотици.

Канцеларијата на главниот јавен обвинител во Истанбул издаде наредба за притвор врз основа на дополнителни докази добиени за време на истрагата.

„Врз основа на дополнителни докази добиени за време на тековната истрага, Садетин Саран беше приведен од страна на Командата на покраинската жандармерија во Истанбул. Сè беше направено под обвинение за снабдување со наркотици, олеснување на употребата на дрога и употреба на наркотици.“

Турските медиуми тврдат дека првиот човек на Фенербахче „паднал на кокаин“.

Имено, тој морал да се врати во Турција од странство откако неговото име било споменато во врска со истрагата за користење на недозволиви наркотици. По давањето исказ, тој бил ослободен, но примерок од коса бил испратен во Институтот за судска медицина.

Тој бил позитивен на кокаин, а Саран ги негирал обвинувањата, се тестирал во независна лабораторија и најавил дека ќе ја продолжи својата правна битка.

Ова е нова афера што го тресе Фенербахче, а причината е првиот човек на овој клуб. Неодамна, турскиот фудбал беше потресен од скандал со обложување кога беа уапсени голем број судии, фудбалери и спортски работници.

Се вчитува...