Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски скокна 18 позиции на АТП ранг-листата со што стигна до најдобриот пласман во неговата кариера. Во моментов Македонецот се наоѓа на 457. место на листата на најдобри тенисери во светот.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ повторно е на првото место на АТП-листата, откако Шпанецот Карлос Алкараз загуби во полуфиналето на АТП мастерс 1000 турнирот во Мајами од Јаник Синер.
Алкараз не успеа да го одбрани трофејот во Мајами за да остане на првата позиција и загуби доволно бодови за да му дозволи на Србинот да се врати на тронот. На третото место е Стефанос Циципас, а во топ 5 уште се наоѓаат и Данил Медведев и Каспер Руд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

