Лука Дончиќ дебитираше во дресот на ЛА Лејкерс претходната вечер, а загревањето мораше да биде вистинско за ваков настан. Затоа се погрижи диџеј Лука. Веќе е познато дека Дончиќ е голем љубител на музиката од овие простори и дека не ја слуша претерано музиката што ја слушаат повеќето НБА ѕвезди.
Имаше прашање дали Леброн Џејмс ќе му дозволи да пушта музика на разглас, особено на загревање пред натпреварот, но сепак му дозволи.
Дончиќ избра хитна Ана Бекута, а сосема е сигурно дека Џејмс наскоро ќе го слушнеме како ја пее една од најпознатите песни на Балканот.
The Lakers playing European music ahead of Luka’s debut 😅 🤝
(via @mcten) pic.twitter.com/76aP5rrmQF
— ESPN (@espn) February 11, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

