Најмалку пет навивачи се повредени, а едно возило е запалено како дел од нередите што се случуваа во пресрет на финалето од Купот на Грција меѓу АЕК и ПАОК.
Добро познато е што се случуваше во Солун пред првенствениот дуел меѓу овие два големи ривали, кога газдата на ПАОК, Иван Савидис, со огнено оружје влета на терен, а сега со инциденти се продолжи и пред дуелот во Атин.
Како што јавуваат медиумите на јужниот сосед, навивачите на АЕК пред стадионот запреле едно возило во кое доаѓале гостински фанови. Возилото веднаш било запалено, а дошло и до масовна тепачка по која најмалку пет навивачи се пренесени во најблиската болница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА