Нов хаос во Интер: Павар игра падел со Тео Хернандез додека е повреден

Максимално турбулентно и тензично е во Интер во поразот во финалето од ЛШ од екипата на ПСЖ. Најпрвин од клубот си замина тренерот Симоне Инзаги, а по последниот неуспех на клупскиот мундијал капитенот Лаутаро Мартинез влезе во „клинч“ со еден од најискусните во екипата, турскиот репрезентативец Хакан Чалханоглу.

Се уште се чека разврската од тој конфликт, а „нероаѕурите“ сега се соочуваат со нов проблем – откако Бенџамин Павар го навлече бесот на стручниот штаб и на управата.

Французинот предвреме го заврши настапот на клупскиот мундијал поради обновување на повредата на скочниот зглоб, по што доби зелено светло за да се врати порано во Италија и таму да почне со рехабилитациска програма. Токму затоа, шокантно делуваше фотографијата објавена пред еден ден, на која се гледа дека Павар игра падел со фудбалерот на Милан, Тео Хернандез и со уште двајца пријатели.

Челниците на Интер биле бесни откако фотографијата вирално се проширила по социјалните мрежи, а допрва ќе биде донесена одлука како ќе биде санкциониран Павар за ваквиот однос.

Се вчитува...