Нов хаос во КК Работнички: Шест забрани за трансфери на еден месец до стартот на сезоната

Големите финансиски проблеми се нешто што го следи КК Работнички со години наназад, но овојпат ситуацијата е крајно алармантна. Висината на вкупниот долг е непозната за јавноста, но „центарци“ ќе имаат големи проблеми да ги пријават новите кошаркари за стартот на новата сезона поради почнатите постапки против скопскиот клуб пред кошаркарскиот суд БАТ зад кој стои ФИБА.

Ова практичо значи дека екипа која има долгови кон играчи и е пријавена од страна на кошаркарите на кои им должи, нема право да ги пријави новите засилувања. Во случајот на КК Работнички, проблемот е огромен бидејќи во моментов против „центарци“ има дури шест пријави, што максимално го компликува целиот процес на помалку од еден месец до стартот на сезоната.

Управата на „центарци“ се наоѓа во тешка трка со времето, за краток период да покрие дел од долговите и да потпише спогодби за исплата на остатокот… во спротивно нема да може да се регистрираат сите нови засилувања, па Работнички за стартот на новата сезона едвај ќе може да склопи една петорка од оние играчи кои останаа од ланскиот шампионат…

На листата на блокирани клубови од Македонија се уште и Кожув, Куманово, второлигашот Шкупи и женскиот прволигаш Баскет Кам, но овие тимови имаат по една забрана што се очекува да ја решат за да можат да ги регистрираат сите летин засилувања до стартот на новата сезона.

Се вчитува...