Со убедливата победа против Голден Стејт со 136-117, Кливленд не само што остана единствениот непоразен тим во НБА сезоната, туку стана и само вториот во последните 20 години и 14-ти во историјата кој ја отворил сезоната со 10. последователни победи.
Интересно, јубилејната десетта победа ја остварија токму против тимот кој сезоната 2015/16 ја отвори со рекордни 24 победи, а потоа го оствари и најдобриот рекорд на сите времиња од 73-9.
Со тоа тимот кој што еднаш го предводеше легендарниот Леброн Џејмс докажа дека конечно го надмина заминувањето на „Кралот“ во 2018 година и дека одново може да претендира за најдобар пласман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА