Нигерискиот напаѓач Виктор Осимен на почетокот на сезоната направи неочекуван потег и се пресели во редовите на Галатасарај како позајмен играч од Наполи и покрај големиот интерес од страна на најголемите европски гиганти.
Дваесетишестгодишникот имаше одлична сезона во турскиот шампионат постигнувајќи 36 голови и осум асистенции носејќи му ја шампионската титула на клубот од Истанбул па и ова лето за него интересот е голем, но големи се шансите дека повторно нема да следи преселба во некој од премиерлигашите, туку нов изненадувачки трансфер.
Осимен се враќа назад во Наполи кој повторно нема да им излезе во пресрет со цената за трансфер на англискиот клубови, туку ќе чека активирање на откупната клаузула од 75 милиони евра. Истата ќе ја активира Ал Хилал за кој финансиите не се проблем, а бара идеална замена за Нејмар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

