„Магнус-девојката“ Мери Акиевска со нов извонреден успех за македонскиот боди-билдинг на интернационалната сцена. Акиевска освои златен и сребрен медал на Светското боди-билдинг фитнес првенство кое се одржува во Јужна Кореја.

Членката на МАГНУС од Скопје, Мери Акиевска, уште еднаш потврдувајќи го својот квалитет, втора година по ред стигна до светската шампионска јуниорска титула во категоријата велнес-фитнес.


Златниот медал го освои во јуниорска конкуренција, а успехот дополнително беше заокружен и со сребрениот медал во сениорска конкуренција, што претставува извонреден резултат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

