Нов кикс на Арсенал, Ливерпул на бод до титула (ВИДЕО)

Киксот на Арсенал на домашен терен вечерва против Кристал Палас (2-2), и со тоа сега на тимот на Ливерпул ќе му треба само еден бод од следното коло, за и официјално да биде промовиран во нов шампион на Англија.

И покрај тоа што два пати водеше, четата на Артета на крајот не успеа да дојде до победата. Матета им ги „скрати“ двата бода со прекрасен гол, после катастрофалната грешка на одбраната на Арсенал.

Кивиор уште во третата минута донесе предност за Арсенал, која ја анулираше Езе. Тросар во 42. минута се погрижи за ново водство на Арсенал. Кога се чинеше дека Арсенал го има под контрола мечот, една катастрофална грешка во дефанзива на Салиба, па Матета со удар од преку 30 метри го совлада Раја и донесе бод за Кристал Палас, односно им „скрати“ два на топчиите.

Се вчитува...