Манчестер сити со нов кик во Премиерлигата, ремизирајќи (2-2) на гостувањето против Кристал Палас во 15. коло.
„Граѓаните“ во два наврати на мечот бркаа негатива, најпрво откако домашните поведоа со голот на Муњоз уште во 4. минута. Па, Халанд израмни на 1-1 во 30. минута.
Кристал Палас повторно поведе, сега со 2-1 со голот на Лакро во 57. минута. Бодот за Манчестер сити го донесе Луис со погодокот во 68. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

