Ливерпул веќе во голема мера и се откажа од битката за титулата во Премиерлигата по новиот кикс во 35. коло на гостувањето против Вест Хем во Лондон.
„Црвените“ имаа водство од 1-2, но на крај ремизираа (2-2) со Вест Хем што значи сега дополнително заостанување зад Арсенал и Манчестер сити во трката за трофејот во шампионатот на Островот, речиси за сведување на шансите за трофеј на тотален минимум.
Вест Хем поведе на дуелот со голот на Бовен во 43. минута. Но, Ливерпул успеа да се врати во второто полувреме, најпрво со голот на Робертсон за 1-1 во 48. минута, а потоа и со автоголот на Ареола во 65. минута за водство од 1-2.
Но, Антонио во 77. минута успеа да ги постави конечните 2-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА