Башкими ја стигна екипата на Македонија ЃП на табелата во Втората лига, и сега двете екипи имаат по 25 бодови, со што е загрозен директниот пласман на „лавовите“ во прволигашката конкуренција. Денеска Македонија ЃП одигра само нерешено против Каменица Саса, а тоа го искористи тимот на Башкими, кој успеа да победи против Охрид, и така да дојде блиску до првото место.
Башкими победникот во дуелот со Охрид го реши уште по првиот дел, кога водеше со 2-0, а потоа во вториот дел постигна уште еден погодок за убедлив триумф. Стрелци на головите беа Хусеин Демири, Емир Асани и Филип Алексовски.
Брегалница исто така се доближи до врвот, благодарение на победата над Осогово во Кочани од 2-1. Стрелци на головите за штипјани беа Галевски и Калпачки.
И Арсими натаму има шанси да дојде до една од првите три места на табелата, откако го совладаа тимот на Новаци на гости со 0-2 со головите на Рамадани и Таипи.
ВТОРА ЛИГА, 20 КОЛО
РЕЗУЛТАТИ
БАШКИМИ – ОХРИД 3-0
СКОПЈЕ – ДЕТОНИТ 2-2
КАМЕНИЦА САСА – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-0
НОВАЦИ – АРСИМИ 0-2
ОСОГОВО – БРЕГАЛНИЦА 1-2
ПОБЕДА – БЕЛАСИЦА 0-1
ВАРДАР Н. – КОЖУФ 0-2
ВАРДАРСКИ – БОРЕЦ 2-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

