Резултатската криза на Рома уште повеќе се продлабочи откако „волчицата“ попладнево загуби уште еден натпревар, овојпат на домашен терен од Болоња со 2-3. Управата на клубот му даде бројни шанси на Јуриќ да го разбуди тимот, но ангажманот на Хрватот очигледно е погрешен избор на клупските директори кои се чини овојпат ќе мора да реагираат и да извршат нова тренерска смена.
Болоња замина на одмор со предност од 0-1, а Ел Шарави со глава израмни на 1-1. Наместо пресврт следеа два нови погодоци за „болоњезите“, Ел Шарави со еврогол намали на 2-3, но крилниот офанзивец не можеше сам да донесе позитивен резултат на овој натпревар и Рома во 12. рунда го претрпе петтиот пораз сезонава.
Фиорентина на домашен терен славеше против Верона со 3-1, три бода со кои „виолетовите“ се израмнија со Наполи и со Аталанта на делба на првото место во пресрет на вечерашното дерби меѓу Интер и Наполи. Кеан беше херој на Фиорентина и на овој меч, со хет-трик носејќи ги бодовите на тимот од Фиренца.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА