Нов конфликт Мбапе – Тухел (видео)

ПСЖ го декласираше Монпелје со 5-0, но наместо акцентот да биде ставен на убавата игра и убедливиот триумф, „светците“ повторно го привлекоа вниманието со конфликт меѓу тренерот Томас Тухел и една од „ѕвездите“ во тимот.

И повторно како и пред неколку месеци станува збор за Килијан Мбапе, кој беше заменет од Тухел на дваесетина минути до крајот, непосредно откако го постигна голот за водство од 4-0. Францускиот напаѓач веднаш стави до знаење дека не се согласува со одлуката на тренерот, не сакајќи ни да ги слушне аргументите на германскиот стратег.

„Јас сум тренерот, а не Мбапе“, порача Тухел на прес-конференцијата по мечот, навреден од односот на големата „ѕвезда“.

 

Се вчитува...