Аталанта ќе биде значително ослабена во наредниот период откако најдобриот стрелец на тимот од Бергамо, Матео Ретеги, аработи незгодна повреда на самиот почеток од подготовките на италијанската репрезентација за двомечот со Германија.
Одличниот голгетер поради тоа не тренираше утрово, а деталните прегледи покажаа повреда на мускулот по која се очекува пауза од најмалку три седмици. Поради ова, Ретеги ја напушти тренинг базата на „аѕурите“ и доби зелено светло да се врати назад во својот клуб, каде наскоро ќе почне со рехабилитациска програма.
Италијанската Фудбалска Асоцијација денеска ја потврди информацијата за повредата на голгетерот, а деталните прегледи ќе покажат кога најдобриот стрелец на Аталанта би му се ставил повторно на располагање на тренерот Гасперини.
Италијанскиот селектор Спалети дополнително ќе одлучи дали да повика нов напаѓач, ако се знае дека од класичните голгетери во моментов на располагање го има само Моисес Кеан од Фиорентина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА