Франција ќе биде сериозно ослабена во борбата во рекетот на претстојното европско првенство во кошарка откако „триколорите“ се соочија со уште едно откажување поради повреда.
Винсан Поарие е најновиот играч што отпадна од комбинација за настап на Евробаскет 2025 откако асот на Анадолу Ефес заработи незгодна повреда на коленото. Тој ја пропушти последната контролна средба, но беше најавувано дека проблемот не е премногу сериозен.
Сепак, тиражниот весник „Л’Екип’ објави дека новите детални прегледи донеле лоша вест за „триколорите“, проблемот е многу посериозен од првите прогнози и дека Поарие нема шанси за настап на шампионатот што ќе стартува за десетина дена.
Тој е петтиот француски центар што го откажа учеството на ова големо натпреварување, откако претходно истото го сторија и Руди Гобер, Матијас Лесот, Виктор Вембењама и Мустафа Фал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

