Проблемите со повредени фудбалери во Јувентус уште повеќе се зголемија откако на листата отсутни играчи од денеска се приклучи и Федерико Гати.
Искусниот дефанзивец настрада за време на вчерашниот куп-дуел со Удинезе на кој мораше да биде заменет поради болка во коленото. Утрово врз Гати без извршени детални прегледи кои донесоа лоша вест за тренерот Спалети – дефанзивецот има проблем со менискусот и ќе мора да паузира најмалку еден месец, оставајќи го својот тим во непријатна ситуација на следните мечеви.
Проблемот е уште поголем ако се знае дека Јуве во следното коло му гостува на шампионот Наполи, а Спалети покрај на Гати не може да смета ниту на Бремер и Ругани.
Тренерот на Јуве преферира тактика со три централни дефанзивци, што во случајов е голем проблем ако се знае дека здрави се само Кели и Калулу, па Спалети ќе биде приморан на нов експеримент, најверојатно со враќање на Копмајнерс во последната одбранбена линија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

