Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген повторно се повреди за време на тренингот на тимот во Саудиска Арабија, кој се подготвува за полуфиналниот натпревар од Супер-Купот на Шпанија против Атлетик Билбао, кој е на програмата денеска.
Тежината на повредата ќе биде оценета оваа недела, а со оглед дека чуварот на мрежата го напушти тренинг кампот и се врати во Барселона, веројатно станува збор за нешто посериозно, кое може да влијае врз негов евентуален трансфер во јануари.
Германецот се наоѓа пред заминување на позајмица во друг клуб, со оглед дека во моментов неприкосновен меѓу диреците е Жоан Гарсија, кој има одлични партии во дресот на Каталонците.
Барселона повика нов голман на метото на Тер Штеген. Станува збо за четвртиот голман Диего Кочен кој веќе е во Џеда и ќе му се приклучи на тимот за вечерашниот дуел со Билбао во полуфиналето на „Супер-Купот“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

