Нов мајсторски гол на Давид Бабунски… (ВИДЕО)

Данди јунајтед повторно на македонски погон славеше убедливо со 2-5 на гостувањето против нисколигашот Баки во нов натпревар од Лига купот на Шкотска.

Откако на мечот, најпрво Кристијан Трапановски постигна два гола за водство од 1-3 на својот тим, во 61. минута и Давид Бабунски го постигна својот втор гол во дресот на Данди јунајтед сезонава.

По првиот погодок директно од слободен удар од пред неколку денови, Бабунски и вечерва повторно постигна мајсторски погодок за одбележување.

Се вчитува...