Нов малер: Франција остана без уште еден ас за СП 2023

Француските малери во пресрет на ракометниот мундијал во Полска и во Шведска дополнително се зголемија по најновата повреда што ја заработи Беноа Кунку.

Крилниот ракометар ги пропушти последните контролни натпревари, а деталните прегледи покажаа парцијална руптура на мускул во пределот на скочниот зглоб. Се уште е неизвесно колку Кунку ќе отсуствува од терените, но веќе е јасно дека тој нема да може да настапи на претстојниот светски шампионат. Селекторот Жил не го криеше разочарувањето по новата повреда, но одлучи и да не повикува нов ракометар на местото на Кунку, оставајќи ги Лен и Порт како единствени играчи на позицијата десно крило.

„Троколорите“ пред неколку дена останаа и без помошта на асот на Монпелје, Килијан Вилемино, а уште пред стартот на подготовките беше извесно дека Жил нема да може да смета ниту на Нгесан од Барселона, Мин од Нант и Деска од Монпелје.

Се вчитува...