Нов малер: Мареј мораше да го откаже настапот на Вимблдон

Енди Мареј веќе објави дека оваа сезона ќе биде последна во неговата фантастична кариера, Британецот сонуваше за успешен настап на Вимблдон пред да му каже збогум на тенисот, но најновите здравствени проблеми го  спречија поранешниот шампион од 2013 и 2016 година воопшто да учествува на британскиот гранслем турнир.

Мареј се пожали на нова болка во грбот, проблеми што хронично го мачеа во последните години, а деталните лекарски прегледи покажаа шокантни резултати. Имено, 37-годишниот тенисер има циста на рбетот што мора да биде отстранета со хируршки зафат, по што би било невозможно тој експресно да се рехабилитира и да настапи на Вимблдон кој ќе стартува на 1 јули.

Вистинска штета, тениски великан како Енди Мареј не заслужи вакво збогување од најпрестижниот турнир во светот…

Се вчитува...