Нико Ковач се соочува со нов сериозен проблем околу составот на Баерн откако стартниот лев бек, Давид Алаба поради повреда воопшто не се појави во тимот на вчерашното гостување против Лајпциг.
По враќањето во Минхен врз австрискиот репрезентативец беа извршени детални прегледи кои донесоа лоша вест за Ковач – станува збор за кинење на мускул на левата нога, за што паузата ќе изнесува најмалку еден месец.
Ова значи дека дефанзивецот ќе ги пропушти првите две средби од ЛШ, дома со Црвена Звезда и гостувањето против Тотенхем, како и наредните натпревари од Бундес-лигата против Келн, Падерборн и Хофенхајм.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА