По тешкиот период минат зад себе со надминување на проблемите со повредите, нов малер за македонскиот репрезентативен голман Дени Илиев.
Илиев денеска настапи за младинскиот тим на Арсенал, во рамките на шампионатот на Англија за фудбалери до 23 години, на дуелот против Челси. Меѓутоа поради повреда на главата, при судир со противнички фудбалер, во 83. минута мораше предвреме да го напушти натпреварот.
Според информациите од Англија, младиот македонски голман го очекуваат детални лекарски прегледи пред официјално да се знае повеќе околу тежината на повредата. Иако, според првичните известувања не се очекува да се работи за посериозен проблем кој повторно би го оддалечил Илиев од терените.
Челси и Арсенал во рамките на У23 шампионатот во Англија денеска ремизираа (2-2) во меѓусебната пресметка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА