Ливерпул лесно и убеливо го декласираше Карабах, но Арне Слот и по овој навидум рутински меч остана без важен првотимец. Се играше само втората минута од натпреварот кога Фримпонг остана да лежи на теренот, по што набрзо стана јасно дека холандскиот ас ќе мора да биде заменет.
Десниот бек неколку пати отсуствуваше поради повреди по трансферот од Баер Леверкузен, а сега повторно ќе мора да мине извесен период надвор од терените.
„Ќе мораме да ги почекаме резултатите, но првите прогнози се дека Фримпонг ќе паузира неколку седмици“, изјави разочарано Арне Слот по мечот.
Стартниот десен бек Конор Бредли е „во аут“ до крајот на сезонава, на последниот премиерлигашки меч се повреди и Џо Гомез, додека Конате веќе три меча не игра по смртта на неговиот татко.
Останува да се види со каква одбрана ќе излезе Ливерпул на дуелот со Њукасл в сабота, на кој евентуален пораз може да означи и крај на ерата на Арне Слот на „Енфилд роуд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

