Нов најдобар ранкинг за Ивановски во кариерата – Македонецот е 492 тенисер во светот

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски за првпат во својата кариера влезе во топ 500 тенисери на АТП листата, на новото бодување на Асоцијацијата на тениски играчи.

Тој на најновото рангирање се наоѓа на 494. место што е скок од десет места од минатата седмица. Овој пласман му го донесе новиот одличен настап на ИТФ фјучрсот во туниски Монастир каде стигна до финалето, а уште поимпресивно е тоа што и во саботата и во неделата одигра по два натпревари.

На врвот нема промени. Новак Ѓоковиќ 376 недела и со тоа се доближи на само една седмица од апсолутниот рекорд на легендарната Германка, Штефи Граф која 377 недели беше најдобра на ВТА листата. На второто место е Карлос Алкараз, а во топ 5 уште се наоѓаат и Стефанос Циципас, Каспер Руд и Андреј Рубљов.

Се вчитува...