Ентони Дејвис би можел да биде вклучен во нова бомбастична размена на кошаркари во НБА лигата, пренесуваат американските медиумите. За негов ангажман постои интерес од страна на Њујорк Никс кои се очекува во следниот период да започнат официјални преговори.
Дејвис пристигна во Далас како дел од еден од најголемите трејдови во историјата на НБА лигата, трејд кој на спротивната страна го испрати Лука Дончиќ, но не успеа да се наметне во составот, напротив Далас мака мачи со резултати па е време за нова промена во Тексас.
Реализацијта на овој трејд сепак нема да биде едноставен и се очекува да се случи само доколку Далас има „олеснителни околности“ за заминување на една од најголемите ѕвезди во составот. Приоритет на Њурјок останува бек кој ќе биде адекватна замена за Џејлен Брансон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

